Надградете го Firefox!

Надградете го Firefox!


Откако беше лансирана во јануари оваа година, новата верзија на Mozilla Firefox 3.6 досега е преземена од околу 100 милиони корисници, барем ако се верува на службените наводи. Сепак, одреден број на корисници решија да се задржат на старата верзија на овој веб прегледник, па поради тоа од Mozilla сега планираат тоа да ги променат.

Корисниците кои до сега не ја надградуваа својата верзија на веб пребарувач од оваа недела ќе бидат предупредени со pop-up прозорец дека треба да ја симнат најновата верзија.

На корисниците ќе им биде понудено веднаш да го надградат својот прегледник, а ако тие тоа го одложат, тогаш за 24 часа ќе бидат предупредени повторно. Ако сакате рачно да си ја симнете најновата верзија на овој прелистувач тогаш стиснете на копчето „Check for Updates“.
Ако сте корисник на Firefox, тогаш ве советуваме веднаш да си го надградите вашиот прелистувач бидејќи со тоа вашето сурфање на интернет ќе биде посигурно.

Written by :
jelena
Points: 2239
 
 

Add comment


Security code
Refresh