|
Дрва на Марс?
Сондата на Марс ги шокираше научниците на НАСА со фотографиите на кои изгледа дека на Црвената планета има дрва.

Темните четинари изгледаат како да никнуваат од вонземјанските ридови на Марс. Сепак, овие пејзажи се всушност оптичка илузија
Фотографиите, кои се направени на помалку од 386 километри од северниот пол на планетата, всушност прикажуваат песочни дини покриени со смрзнат карбон диоксид или сув мраз.
„Дрвата“ всушност се траги од лизгање на земјиштето кое на пролет се случува со топењето на мразот на Марс.

Лево од центарот на сликата можете да забележите облак од прашина кој го крева лавината. Фотографијата е снимена со сондата HiRISE, која се наоѓа во орбитата на Марс. Сондата HiRISE ја поседува најмоќната камера која досега е испратена на некоја друга планета.
- Линиите песок се поместиле со топењето на мразот кој се лизга низ песочните дини, вели Кенди Хенсен од НАСА..
Во ова време од марсовската година, целата планета е покриена со смрзнат CO2.
|